Покажете ја Вашата sport&bonus картичка при секое купување и веднаш остварете право на попуст на следното купување.
Во повеќе од 25 продавници партнери на програмата побарајте ги производите кои секој ден се намалени само со sport&bonus картичката.
Побарајте ги производите за кои при купување со sport&bonus картичката можете да добиете вредни подароци.
Побарајте ги производите со кои може да добиете мега бонус на Вашето следно купување.
Побарајте ги производите со кои може да добиете мега бонус на Вашето следно купување.
Колку повеќе купуваш – поголем бонус остваруваш!
Колку повеќе купуваш – поголем бонус остваруваш!
Специјални понуди, добивајте први информации за намалувања, роденденски изненадувања...
Изберете ја опцијата имам картичка а потоа „Прва пријава“.
При купување во продавница на партнерите на програмата покажете го бар кодот од мобилниот телефон.
Неопходни - Неопходните колачиња овозможуваат веб страницата да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно.
Трајни - Овие колачиња обично имаат датум на истек во иднина и ќе останат во вашиот пребарувач додека не истечат, или додека не ги избришете рачно. Ние користиме трајни колачиња за функционалност, како што се "Останете најавени" tickbox, што го олеснува пристапот на корисникот како регистриран корисник. Исто така, користиме трајни колачиња за подобро разбирање на навиките на корисникот, за да можеме да ја подобриме веб страницата според вашите навики. Оваа информација е анонимна – не ги гледаме поединечните кориснички податоци. Колачето што се користи е site_cookie_info и се чува една година.
Статистички - Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страницата со собирање и анонимно пријавување на податоците.
Маркетинг - Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Тие се користат за прикажување на соодветни реклами за корисниците и нивно поттикнување да учествуваат, што е важно за издавачите и за рекламирањето на трети лица. Sport Reality користи Google Analytics колачиња ads/ga-audiences и collect, и Facebook колачиња.
Јавете ни се
Чести прашања
Pomerite tabelu
Име | Адреса | Мобилен | |
ПРОДАВНИЦИ ВО СКОПЈЕ | |||
Nike shop | ул. Љубљанска бр.4 кат 2/л.316/316А - Сити мол | nikeshop@sportvision.mk | 38975411123 |
Почитувани корисници, направена е промена на правилата на Sport&Bonus програмата за лојалност.
За повеќе информации можете да прочитате во Правила на програмата.
Pomerite tabelu
Име | Адреса | Мобилен | Фиксен | |
ПРОДАВНИЦИ ВО СКОПЈЕ | ||||
Sport Vision 1 - Скопје Сити Мол | Љубљанска Бр. 4 кат 2/локал 318 318 и 319 ТЦ Сити мол | sportvision1@sportvision.mk | 38976344101 | 23073810 |
Sport Vision 2 - KIDS, Скопје Сити Мол | Љубљанска Бр. 4 кат 2/локал 314А ТЦ Сити мол | sportvision2@sportvision.mk | 38976311031 | 23073960 |
Sport Vision 3 - ГТЦ | Кеј 13-ти Ноември ГТЦ бр.секција 2/приземје-лок. 190/7 | sportvision3@sportvision.mk | 38976311032 | 23177301 |
Sport Vision 8 - Капитол Мол | Бул. Јане Сандански бр. 71А, ТЦ Капитол мол и резиденс, лок.Ц3, кат 2 | sportvision8@sportvision.mk | 38976248240 | |
Sport Vision 11 - Рамстор Мол | ул. Св. Кирил и Методиј бр.13 лок.Ф15/Ф16, Ф17 ТЦ Рамстор | sportvision11@sportvision.mk | 38976248240 | |
ПРОДАВНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА | ||||
Sport Vision 4 - Струмица | Ленинова бр.44 ГТЦ Глобал к.1 л.4/л.170/3 | sportvision4@sportvision.mk | 38976311034 | |
Sport Vision 5 - Тетово | ул. Скопски пат бр.8 лок.Ф29/к.1 ТЦ Палма Мол | sportvision5@sportvision.mk | 38976350561 | |
Sport Vision 7 - Битола | ул. Димитар Илиевски Мурато бр.2 лок.1 | sportvision7@sportvision.mk | 38976344100 | |
Sport Vision 9 - Штип | ул. Карл Маркс бр.60 локал 1 | sportvision9@sportvision.mk | 38976339986 | |
Sport Vision 10 - Прилеп | бул. Гоце Делчев 36Б | sportvision10@sportvision.mk | 38975411124 | |
Sport Vision 12 - Куманово | ул. Моша Пијаде бр.14 локал бр.2, ТЦ Сума | sportvision12@sportvision.mk | 38975268129 | |
Sport Vision 13 - Гостивар | ул. Плоштад Маршал Тито Бр.5/лок. 6, ТЦ Импортанне | sportvision13@sportvision.mk | 38971209034 | |
Sport Vision 17 - Струга | ул. Маршал Тито бр.62 | sportvision17@sportvision.mk | 38971386481 | |
Sport Vision 18 - Охрид | ул. Св. Климент Охридски бр.1 | sportvision18@sportvision.mk | 38971386514 |
Pomerite tabelu
Naziv | Adresa | Mobilni | |
ПРОДАВНИЦИ ВО СКОПЈЕ | |||
Buzz Shop - Скопје Сити Мол | ул. Љубљанска бр.4 кат 2 л./326 Сити мол | skopjecitymall@buzzsneakers.mk | 38976252322 |
ПРОДАВНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА | |||
Buzz Shop - Тетово Палма мол | ул. Скопски пат бр.8, ТЦ Палма мол | tetovopalmamall@buzzsneakers.mk | 38971228956 |
Pomerite tabelu
Име | Адреса | Мобилен | |
ПРОДАВНИЦИ ВО СКОПЈЕ | |||
Sport Reality 1 - ГТЦ | ул.11 Октомври бр.13, ГТЦ приземје, лок 6, Д.Е.44 | sportreality1@sportreality.mk | 38970390028 |
Sport Reality 7 - Веро Џамбо | бул. Кочо Рацин бр.1.лок. Бр.13 Веро Центар | sportreality7@sportreality.mk | 38970409264 |
Sport Reality 13 - City Mall | Ljubljanska br.4/2 kat/lok 313/314 TC City Mall | sportreality13@sportreality.mk | 38970404257 |
ПРОДАВНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА | |||
Sport Reality 2 - Велес | ул. 8ми септември бр.40 | sportreality2@sportreality.mk | 38970383865 |
Sport Reality 3 - Струга | ул. Маршал Тито бр. 101, комплекс Рамо 2- приземје | sportreality3@sportreality.mk | 38970338166 |
Sport Reality 4 - Тетово | ул. Маршал Тито бр.1 - плоштад | sportreality4@sportreality.mk | 38975297057 |
Sport Reality 5 - Кочани | ул. Стево Теодосиевски бр.23/влез 4-приземје | sportreality5@sportreality.mk | 38970307750 |
Sport Reality 6 - Тетово | ул. Скопски пат бр.8/лок.-фф16 ТЦ Палма мол | sportreality6@sportreality.mk | 38970227070 |
Sport Reality 8 - Охрид | ул. Св. Климент Охридски бр.6 | sportreality8@sportreality.mk | 38971408295 |
Sport Reality 9 - Прилеп | ул. Борка Талески бр.52 | sportreality9@sportreality.mk | 38971408297 |
Sport Reality 10 - Bitola | Marsal Tito br.44a | sportreality10@sportreality.mk | 38972265763 |
Sport Reality 11 - Kavadarci | Ohridska br.1 | sportreality11@sportreality.mk | 38971205834 |
Sport Reality 12 - Kumanovo | Done Bozinov br.1 | sportreality12@sportreality.mk | 38972912236 |
Sport Reality 14 - Strumica | Leninova 1, vl1, kat1, 26/28 | sportreality14@sportreality.mk | 38975319615 |
Да, зачленувањето во програмата е потполно бесплатно за сите корисници.
Во програмата можете да се зачлените во продавница на партнерите на програмата со едноставно одговарање на неколку основни прашања на касиерот а самиот процес трае околу 2 минути.
Пластичната SPORT&BONUS картичка ја добивате веднаш во продавницата по зачленувањето!
Да, веднаш остварувате попуст на сметката.
Да, на потрошени 100 денари добивате 1 бод. Што повеќе бодови собирате толку поголем бонус добивате. Деталните информации ги имате во правилата на програмата.
Бонус со секоја сметка, производи намалени со SPORT&BONUS картичката, подароци при купување, специјални понуди.
Да, со секоја сметка со користење на SPORT&BONUS картичката добивата попуст на следното купување.
Не морате. Можете во 2 чекори да се регистрирате на www.sportandbonus.com и потоа преку својот мобилен телефон можете во продавница да го покажете својот личен бар код без притоа да ја отчитате пластичната картичка.
На сајтот ќе ги пополните сите неопходни податоци и потоа во било која продавница на партнерите на програмата ќе можете да ја подигнете својата SPORT&BONUS пластична картичка и да ги уживате бенефициите на програмата.
Одјавата од сервисот за СМС известувања можете да ја направите едноставно со внесување на вашиот телефонски број во link-от: www.unsub.mobi/sbmk
Во оваа Политика за заштита на личните податоци, ве информираме за обработката на вашите лични податоци во врска со вашето вклучување и учество во SPORT&BONUS програмата за лојалност.
1 Одговорност за заштита на податоците
Иницијатор на SPORT&BONUS програмата за лојалност и издавач на SPORT&BONUS картичката за лојалност е Спорт Висион ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „Перо Наков’’ бр.122 а, Скопје ( во натамошниот текст „Sport Vision“).
Sport Vision е контролор на личните податоци кои се обработуваат во рамки на SPORT&BONUS програмата за лојалност, а согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП).
2. Лични податоци
2.1 Лични податоци и податоци за статусот
Со цел да ви овозможиме членство во SPORT&BONUS програмата за лојалност, ние ги обработуваме Вашите лични податоци кои ги собираме преку формуларот за зачленување во програмата за лојалност во хартиена форма или преку мобилен телефон. Овие податоци се однесуваат на Вашето име и презиме телефонски број и е-маил адреса.
Вие сте одговорни за вистинитоста и точноста на податоците наведени во формуларот поврзани со употреба на картичката.
Податокот за денот, месецот и годината на раѓање се незадолжителни лични податоци и ги користиме единствено за да Ви честитаме роденден или да Ви приредиме роденденско изненадување.
Со цел да управуваме со статусот на Вашата SPORT&BONUS картичка за лојалност, ние ги собираме и чуваме податоци кои се потребни за управување со ваквиот статус, како на пример вид на статусот, број на членство, број на картичка, остварен попуст.
2.2 SPORT&BONUS број на картичка
Доколку сакате да користите одредени поволности, промоции и бонуси, Sport Vision на ваше барање ќе Ви отвори профил и ќе изработи картичка за лојалност. Член на SPORT&BONUS програмата за лојалност може да биде физичко лице кое има навршени 18 години. Со издавањето на картичката за лојалност Вие станувате член на SPORT&BONUS програмата за лојалност и може да ги користите сите поволности од програмата. На картичката е отпечатен Вашиот број за идентификација. Овој број е всушност бројот на вашата картичка. Бројот на картичката, го поврзуваме со останатите Ваши лични податоци, па оттука преставува личен податок во нашата евиденција и преку истиот Ве идентификуваме како наш член.
Овој единствен идентификациски број е генериран исклучиво од системот и се користи во процесот на идентификација. Ако ја изгубите Вашата картичка, ова исто така ни овозможува да го блокираме бројот на Вашата картичка.
2.3 Податоци кои се обработуваат за SPORT&BONUS програмата за лојалност
За да добиете поени или за да искористите некоја од поволностите од програмата, треба пред плаќањето да ја покажете картичката на персоналот на Sport Vision или партнерите на програмата кај кој се извршува трансакцијата.
Кога заработувате поени, сите информации што се однесуваат на Вашата нарачка (купените производи) се обработуваат како податоци за SPORT&BONUS програмата за лојалност, особено:
Вашата картичка за лојалност останува во сопственост на Sport Vision. Вие сте одговорни за безбедноста на вашата картичка за лојалност. Не треба да ја споделувате картичката со други лица. Ако ја изгубите картичката за лојалност или мислите дека е украдена, Ве молиме блокирајте ја картичката во било која од нашите продажни места или пријавете во бесплатниот Центар за повици во рок од 24 часа од моментот на отуѓување на картичката, по што картичката ќе биде блокирана за да се спречи нејзина злоупотреба.
Освоените поени се лични и не можат да се пренесат на други лица.
Ако дадете согласност, податоците опишани погоре може да се користат и за рекламни цели (подетални информации за ова може да најдете во Политиката за директен маркетинг на Sport Vision и точка 6 од Политиката за приватност на Sport Vision).
2.4 Други податоци
Кога ја користите нашата веб страница, апликација или друг медиум за комуникација, како што е е-маил адресата, ние исто така ги обработуваме Вашите податоци како што е опишано во „Политика за приватност“ на веб-страниците Sport Vision и Sport Reality.
Кога комуницирате со нашите сервисни центри, ние исто така ги обработуваме податоците што ни ги давате со цел да постапиме по Вашето барање и да ги подобриме нашите услуги.
3. Правни основи и цели на обработката
3.1 Согласност за обработка на личните податоци
Ние ги обработуваме Вашите лични податоци, т.е. основните лични податоци и податоците за програмата за лојалност и статусот на Вашата картичка, врз основа на Ваша согласност, согласно членот 10 став (1) алинеја 1 од ЗЗЛП, за следните цели:
Вие имате право да ја повлечете согласноста за обработка на Вашите лични податоци за членство во SPORT&BONUS програмата за лојалност во секое време со пополнување на нашиот образец за повлекување на согласноста и негово доставување во која било од нашите аптеки.
Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката, заснована на дадената согласност од Ваша страна пред нејзиното повлекување.
3.2 Легитимни интереси - балансирање на интересите
Ние ги обработуваме Вашите лични податоци и за да ги заштитиме нашите легитимни интереси, по внимателно балансирање на нашите легитимни интереси со Вашето право на приватност, согласно со членот 10 став (1) алинеја 6 од ЗЗЛП, за следните цели:
3.3 Исполнување на законска обврска
Ние сме должни да ги почитуваме законски пропишаните рокови за чување на податоците за цели на оданочување и платен промет. Понатаму, во одделни случаи, ние сме исто така должни да соработуваме со разни државни органи (Управа за јавни приходи и органи за спроведување на законот). Законска основа за оваа обработка е членот 10 став (1) алинеја 3 од ЗЗЛП (исполнување на законска обврска).
4. Безбедност на податоците
Ние применуваме технички и организациски мерки за да ги заштитиме личните податоци што ги обработуваме од случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање или неовластен пристап до истите. пренесените, зачуваните или на друг начин обработени лични податоци. Нашите безбедносни мерки постојано се подобруваат како што се развива новата технологија.
Вашите лични податоци ги чуваме на сервери во:
Период на чување
Членството во програмата за лојалност на SPORT&BONUS е на неопределено време и личните податоци ќе се чуваат се до повлекувањето на Вашата согласност за членство во SPORT&BONUS програмата за лојалност или до завршување на програмата за лојалност.
Важноста на картичката престанува во моментот кога Sport Vision ќе добие известување за откажување и враќање на картичката и истиот е должен да ги избрише податоците за корисникот од базата на податоци. Доколку корисникот на програмата од технички причини не може да го реализира својот бенефит, може да се обрати до Центарот за повици со повик на (02) 3055 222. Секое неовластено копирање, умножување или злоупотреба на картичката ќе биде санкционирано во согласност со законските прописи.
Доколку не ја користите картичката повеќе од две години (2 години од последната трансакција), ќе сметаме дека како имател на картичката, сте ја повлекле согласноста за учество во програмата за лојалност и Вашите личните податоци кои се собрани за оваа цел ќе бидат избришани.
5. Обработувачи
За да можеме да ви ги понудиме нашите производи и услуги, ние користиме услуги од неколку даватели на услуги (давател на ИТ услуги) кои се обработувачи на личните податоци во согласност со членот 32 од ЗЗЛП. Овие даватели на услуги се внимателно избрани и работат исклучиво според наши упатства. Тие обезбедуваат доволно гаранции за усогласеност на нивното работење со обврските од ЗЗЛП.
6. Вашите права како субјект на личните податоци
6.1 Права на членовите на SPORT&BONUS програмата за лојалност
Како субјект на личните податоци, можете да ги користите следниве права кога постојат соодветни законски услови:
За да ги остварите Вашите права, може да ги користите нашите обрасци на барања за остварување на права. За да можеме да го обработиме Вашето барање и да ве идентификуваме, имајте предвид дека ќе ги користиме Вашите лични податоци во согласност со членот 10 став (1) алинеја 3 од ЗЗЛП.
Ажурирајте ги Вашите лични податоци веднаш откако ќе се појават какви било промени (на пример, промена на Вашата адреса на живеење, е-маил адреса или телефонски број), преку Вашиот електронски кориснички налог.
Покрај ова, како корисник на програмата имате право да го откажете Вашето членство во програмата како и право преку повикување на бесплатниот Центар за повици или со испраќање на е-маил на info@sportandbonus.mk да се откажете од користење на картичката со враќање на картичката до Sport Vision.
6.2 Право на приговор според член 25 од ЗЗЛП
Во зависност од конкретната ситуација, имате право да поднесете приговор за обрботката на Вашите лични податоци врз основа на член 10 став (1) алинеја 4 или 6 од ЗЗЛП во кое било време.
Ние повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци, освен ако докажеме дека постојат релевантни легитимни интереси за обработката, кои преовладуваат над Вашите интереси, права и слободи, или за воспоставување, остварување или одбрана на Вашите правни барања.
Може да се спротивставите на обработката на Вашите лични податоци во секое време, како што е опишано во точката 6 од оваа политика.
6.3 Надлежен надзорен орган за заштита на личните податоци
Агенцијата за заштита на личните податоци е надлежен надзорен орган за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија
бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
Телефон: 389 2 323 0635
Е-маил: info@privacy.mk
Доколку сметате дека сме ги прекршиле одредбите од ЗЗЛП, имате право да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, согласно член 97 од ЗЗЛП.
7. Офицер за заштита на личните податоци
Име и презиме: Маријана Марушиќ Кос
Адреса: ул. „Перо Наков“ бр. 122А Скопје
Е-маил: svzlp@sportvision.mk или marijana@marusic-kos.mk
Телефон: 02/3060079
Спорт Висион Д.о.о. Перо Наков 122а, Скопје, Македонија е иницијатор на програмата „Sport&Bonus” (во натамошниот текст: програма) и издавач на „Sport&Bonus” картички (во натамошниот текст: картичка) и корисник на базата на лични податоци за сите регистрирани корисници.
Корисник на програмата може да биде секое лице постаро од 18 години со живеалиште во Република Македонија, кое физички или преку мобилен телефон или преку интернет страницата https://www.sportandbonus.com/mk/ по електронски пат да го пополни формуларот за зачленување во програмата. Со потпишување на барањето или со давање на согласност преку мобилен телефон или со праќање на Барање за зачленување на лицето потврдува дека е согласно со правилата на програмата.
Сите задолжителни податоци на формуларот или во Барањето за заленување задолжително е да бидат пополнети од лицето кое се пријавува и тоа одговара за вистинитоста и точноста на наведени податоци во формуларот поврзани со употреба на картичката.
Партнери на програмата можат да бидат и други субјекти кои со Спорт Висион ќе потпишат договор за заедничка промоција на sport&bonus програмата.
Спорт Висион Д.о.о. Скопје, го задржува правото во било кое време и без претходна најава да повлече картичка од оптек или во потполност да укине елементи од програмата. За секоја измена дополнување и укинување на правилата од програмата како и промена на партнерите на програмата, Спорт Висион дооел Скопје ќе го извести корисникот на картичката на соодветен начин. Актуелните правила за програмата и списокот на партнерите на програмата се достапни на интернет адресата www.sportandbonus.com. Ако корисникот на програмата ја употребува картичката по објавените промени, значи дека со истите е согласен.
Основната картичка не е пренослива на друго лице и може да се користи исклучиво од регистрираниот корисник на програмата кој се потпишал на пристапницата кон програмата или ја дал својата согласност преку својот мобилен телефон при зачленување во програмата. Физичко лице може само еднаш да се зачлени во програмата и има право на една картичка. Спорт Висион Д.о.о. Скопје и партнерите на програмата го задржуваат правото во секој момент да проверат идентитетот на корисникот на картичката. Списокот на актуелните партнери на програмата се достапни на интернет адресата www.sportvision.com/mk/ или на некое од продажните места на партнерите на програмата.
Начин на користење на картичката:
За да добие поени или за да искористи некоја од поволностите од програмата, корисникот на програмата е должен пред плаќањето да ја покаже картичката на персоналот на Спорт Висион Скопје или партнерите на програмата кај кој се извршува трансакцијата.
Дополнително впишување на поени не е возможно.
Спорт Висион Скопје го задржува правото да доделува, менува или поништи бенефити на програмата по своја проценка.
По секое купување во продавниците на партнерите на програмата, корисникот добива 1 поен на секои потрошени 100 денари.
Бодовите на картичката се собираат и користат во рок од една година. На пример, ако корисникот има купено артикал на 1.08.2018 бодовите ќе може да ги искористи заклучно со 31.07.2019 година. Во случај на прекорачување на временскиот рок, поените се поништуваат. Бодовите освоени преку онлајн купување се додаваат на корисничкиот налог 20(дваесет) дена од денот на остварената трансакција.
Рокот за користење на бонусот е 6 месеци од нивната конверзија, односно при трансакцијата при кој е добиен истиот.
Секој добиен поен (бонус) во зависност од моменталниот статус на членот се конвертира во 2,3,4,6,8 денари попуст за следното купување и се бележи на „Sport&Bonus” картичката.
Доколку корисникот на програмата има собрано повеќе од 2000 поени, може да добие и други поволности при купување по посебни критериуми за секој посебен партнер на програмата, а информации за истите ќе се објават на web страната www,sportandbonus.com
Бенефитите на програмата Sport&Bonus не може да се комбинираат со дрги бенефити кои важат во продажните места на Спорт Висион и партнерите на програмата.
Во случај на укинување на програмата сите бодови кои се собрани до тој момент ќе може да се искористат во рок од 30 дена од објавата за укинување на програмата.
Поените на картичката не може да се заменат за готовина.
Во случај може да бидат воведени и трети лица кои ќе ја вршат функцијата на собирање и обработка на податоците во име на Спорт Висион како извршители на програмата со кои Спорт Висион пред почетокот на соработката ќе потпише соодветни договори и ќе ги превземе сите мерки за заштита на личните податоци.
Спорт Висион е овластен исклучиво врз основа на своја одлука да додаде нов концепт или да отстрани некој од постоечките од програмата.
Концептите на Спорт Висион се воедно и партнери на Sport&Bonus програмата, односно во продавниците Партнери (Спорт Висион, Спорт Реалити, Нике Шоп, Бузз Шоп и Екстра Спортс) се остваруваат погодностите од sport&bonus програмата. Партнерите на програмата може да се менуваат со тек на времето. Спорт Висион аутлет продавниците не се вклучени во програмата. Попис на актуелните партнери на програмата секогаш може да се најде на веб страната www.sportandbonus.com.
Програмата се реализира и важи во следниве концепти на Спорт Висион:
Спорт Висион го задржува правото со претходна најава да ја повлече картичката од употреба во следниве случаи :
При проверка и утврдување на потенцијална злоупотреба со sport&bonus картичката во следниве случаи :
Корисниците на програмата може да ги имаат и следните погодности кога е назначено во продажните места:
Во случај на губење или кражба на картичката, корисникот на програмата е обврзан да ја блокира картичката преку својот он-лине личен кориснички налог или случајот да го пријави во бесплатниот Центар за повици во рок од 24 часа од моментот на отуѓување на картичката, по што картичката ќе биде блокирана за да се спречи нејзина злоупотреба.
Доколку корисникот на програмата има собрано поени на отуѓената картичка, Спорт Висион собраните поени од отуѓената картичка ќе ги пренесе на новата картичка на барање на корисникот на програмата.
Корисникот на програмата има право преку својот електронски кориснички налог да ги измени податоците кои претходно ги доставил до Спорт Висион или да го откаже членството во програмата. Корисникот на програмата исто така има право преку повикување на бесплатниот Центар за повици да се откаже од користење на картичката со враќање на картичката до контролорот. Важноста на картичката престанува во моментот кога Спорт Висион дооел Скопје ќе добие известување за откажување и враќање на картичката и истиот е должен да ги избрише податоците за корисникот од базата на податоци. Доколку корисникот на програмата од технички причини не може да го реализира својот бенефит, може да се обрати до Центарот за повици со повик на (02) 3055 222. Секое неовластено копирање, умножување или злоупотреба на картичката ќе биде санкционирано во согласност со законските прописи.