(02 3055 222)

Sport&Bonus – програма што ја наградува вашата лојалност

 

Sport&Bonus е програма за лојалност на компанијата БДС.МК ДООЕЛ Скопје, создадена со цел на членовите да им обезбеди дополнителна вредност при секое купување.

Преку програмата, корисниците остваруваат поволности што ги следат нивните купувања и овозможуваат долгорочни придобивки – од собирање поени до пристап до ексклузивни понуди и персонализирано корисничко искуство.

Поволностите на Sport&Bonus можете да ги користите во Sport Vision, Sport Reality, BUZZ и Nike Shop, како во физичките продавници, така и онлајн. Без разлика каде купувате, вашата сметка и придобивките се поврзани и достапни на едно место.

На која било веб-страница од вашиот омилен бренд (Sport Vision, Sport Reality и BUZZ) во делот „Мој профил“, во рамките на единствената корисничка сметка, можете едноставно да го следите вашиот статус, расположливите поени и историјата на купувања.

Постоечките членови можат да продолжат да ги користат сите поволности со потврда на картичката во рамките на својата сметка, додека новите корисници можат брзо и едноставно да се приклучат на програмата – со регистрација на сметка или при самото купување.

Во случај на какви било прашања или нејаснотии, нашата поддршка ви стои на располагање.

Phone number: 389 02 3055 222
Email: 
infomk@sportandbonus.com

Тука сме за да ве поддржиме и да ви обезбедиме најдобро можно искуство при купувањето.

Вашите права како членови на Sports&Bonus програмата ги остварувате според истите принципи како и досега!

За да добие поени или за да искористи некоја од поволностите од програмата, корисникот на програмата е должен пред плаќањето да ја покаже картичката на вработените на Спорт Висион или партнерите на програмата кај кој се извршува трансакцијата. Дополнително впишување на поени не е возможно.

По секое купување во продавниците на Спорт Висион и на партнерите на програмата, корисникот добива 1 поен на секои потрошени 100 денари.

Спорт Висион го задржува правото да доделува, менува или поништи бенефити на програмата по своја проценка. Податоците за корисниците на програмата ќе се чуваат до отповикување на картичката од страната на корисникот или до прекинување на програмата. Основната картичка не може да се пренесе на друго лице и може да ја користи единствено регистрираниот корисник на програмата кој го потпишал формуларот за пријавување.

Корисникот може веднаш да ги конвертира поените во поврат на средства, при следното купување.

Бодовите на картичката се собираат и користат во рок од една година. На пример, ако корисникот има купено производ на 1.08. во тековната година, бодовите ќе може да ги искористи заклучно со 31.07. следната година. Во случај на прекорачување на временскиот рок, поените се поништуваат. Бодовите освоени преку онлајн купување се додаваат на корисничкиот налог 20 (дваесет) дена од денот на остварената трансакција.

Cashback-от зависи од тоа колку корисникот купува на годишно ниво:

• до 300 поени добивате 2% cashback;

• помеѓу 301 поени и 600 поени добивате 4% cashback;

• над 601 поени, добивате 6% cashback.

Поените на картичката се собираат при секое купување. Поените се акумулираат во текот на една година, а cashback-от, корисникот може да го искористите во рок од шест месеци – по што истекува.

Бенефитите на програмата Sport&Bonus не може да се комбинираат со други бенефити кои важат во продажните места на Спорт Висион и партнерите на програмата. Во случај на укинување на програмата сите бодови кои се собрани до тој момент ќе може да се искористат во рок од 30 дена од објавата за укинување на програмата. Поените на картичката не може да се заменат за готовина.

Често поставувани прашања

„Мој профил“ е единствена сметка за сите веб-продавници во рамките на Спорт Висион дооел Скопје – Sport Vision, Buzz, Sport Reality. Со други зборови, кога ќе регистрирате сметка на една од нашите продавници, сите купувања и информации ќе бидат поврзани во една сметка, без разлика од која продавница купувате.

Главни придобивки за вас како купувачи:

  • Управување со податоци и подобрено корисничко искуство: Додека ги пребарувате омилените производи, нема потреба да се најавувате на секоја продавница посебно. Во профилот имате преглед на нарачки, Sports&Bonus поени и други податоци.
  • Едноставност и заштеда на време: Нема потреба да паметите повеќе кориснички имиња и лозинки. Откако ќе се најавите, не внесувате повторно податоци без разлика на која веб-продавница сте.
  • Безбедност: Со помал број лозинки се зголемува безбедноста. Потребно е да поставите силна лозинка: најмалку 8 карактери, една голема буква, број и специјален знак.

Не, страницата повеќе не е активна за корисници во Македонија. Можете да се приклучите онлајн преку веб-продавниците на Sport Vision со додавање телефонски број.

Вашите податоци остануваат безбедни. Сите поени и историја на купувања сега ќе бидат во „Мој профил“.

Да, сите податоци се достапни во делот My Sport & Bonus.

Да, нема промени во користењето во продавниците.

  • Во продавница (за околу 2 минути)
  • Онлајн (за помалку од 1 минута со телефонски број)
  • Само при зачленување во продавница ќе добиете пластична картичка. Доколку се регистрирате онлајн, картичката ќе биде прикажана во рамките на вашиот профил и можете да ја покажете на вработениот во продавницата.
  • Да, преку баркод во профилот (screenshot не важи).

Да, целосно бесплатно.

Да, веднаш добивате 5% попуст.

  • Да, при секое купување во продавниците на Спорт Висион и на партнерите на програмата, корисникот добива 1 поен на секои потрошени 100 денари.

Попусти, специјални понуди, персонализирани понуди, cashback, роденденски изненадувања.

Да, поени се добиваат за секоја трансакција со картичката.

Откриј ги бенефитите

Што сѐ добиваш со sport&bonus картичката?

БОНУС СО СЕКОЈА СМЕТКА

Покажете ја Вашата sport&bonus картичка при секое купување и веднаш остварете право на попуст на следното купување.

НАМАЛЕНО СО sport&bonus

Во повеќе од 25 продавници партнери на програмата побарајте ги производите кои секој ден се намалени само со sport&bonus картичката.

ПОДАРОК СО sport&bonus

Побарајте ги производите за кои при купување со sport&bonus картичката можете да добиете вредни подароци.

МЕГА БОНУС

Побарајте ги производите со кои може да добиете мега бонус на Вашето следно купување.

МЕГА БОНУС

Побарајте ги производите со кои може да добиете мега бонус на Вашето следно купување.

ЗА НАЈВЕРНИТЕ

Колку повеќе купуваш – поголем бонус остваруваш!

ЗА НАЈВЕРНИТЕ

Колку повеќе купуваш – поголем бонус остваруваш!

И ПОВЕЌЕ...

Специјални понуди, добивајте први информации за намалувања, роденденски изненадувања...

Каде сѐ важи програмата?

Партнери на програмата

Чести прашања

Пишете ни

E-mail

Јавете ни се

Чести прашања

Pozovite nas besplatno

02 3055 222